1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ангелот од Велес“

СН/фаз,двн,сз22 февруари 2016

Бегалската криза од Македонија преку Србија до Германија со сите свои специфичности е во фокусот на пишувањата во денешните изданија на германскиот печат

https://p.dw.com/p/1Hzul
Фотографија: DW/P. Zafiropoulos

Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ ја започнува репортажата од македонската граница со приказната за искуствата со бегалците на еден македонски граничар. „Кога многу кашлаат и намерно ни се внесуваат во лице, тогаш се веднаш сомнителни. Зошто ни кашлаат во лице? Сакаат да се уплашиме дека ќе ни пренесат некаква заразна болест за да ги пуштиме побрзо не гледајќи ги документите.“ Граничниот полицаец Петров со месеци е распореден да работи на границата со Грција, таму каде што железничката пруга води кон Србија. Без писмена дозвола од Министерството за внатрешни работи никој не смее да влезе во пограничната зона, низ која се пропуштаат бегалците и Петров всушност не би смеел да разговара со странски новинари. Но по договорот да не го користиме неговото име тој продолжува: „Сиријците тоа никогаш не го прават, бидејќи имаат пасоши и тие им се пропусница до Германија“, вели Петров и додава оти тој самиот секогаш ги контролира оние кои кашлаат. За разлика од многу чешки и словачки полицајци, тој не носи маска. Полицијата токму што одби влез на еден маж за кој претпоставуваат дека е Мароканец. На грчкиот Лезбос се регистрирал како Ирачанец, но дефинитивно не доаѓа ни од Сирија, ни од Ирак, ниту од Авганистан. Но тој не сака назад во Грција. Покажува фотографија од жена, која е мајка на неговите деца и која, како што вели, го чека во Белгија. Имате заедничка слика со жената и децата?, го прашува граничарот малку досадувајќи. Вели дека нема. „Назад во Грција!“, му вели граничарот.

Mazedonisch-griechische Grenze Kinder auf der Balkanroute Mädchen
Фотографија: DW/N. Rujević

„Ангелот од Велес“

Целата сцена се одвива покрај контејнерите за смет, на кои пишува: „Донација за луѓе во неволја. Од Чешката Република.“ Контејнерите, великодушна донација на чешката влада, се меѓутоа празни и изгледа дека миграните на Балканската рута имаат систематска незаинтересираност да фрлаат смет во контејнерите. Од другастрана голем рид смет расте на блиското поле. Сите кои имаат повеќе среќа од наводниот татко на семејство во Белгија, наидуваат во кампот „Винојуг“ на пријателски прием. Во кампот има дури и детска градинка во која млади Македонки волонтерки се грижат на децата да им помине поинтересно времето на чекање додека го продолжат патот. А оние кои се одбиени на границата, тие, продолжува авторот на текстот, го пронаоѓаат патот до Ленче Здравкин. Таа живее во Велес, покрај пругата, 110 километри северно од грчката граница, во изнајмен стан на горниот кат на една куќа. Пред два месеца, кога почнаа да ги сортираат бегалците, сите кои се одбиени доаѓаат кај неа: Либијци, Мароканци, Алжирци, Пакистанци, бегалци од Бангладеш... на Ленче Здравкин од цела Македонија и’ пристигнуваат донации за тие луѓе- илегални мигранти. Во нејзиниот стан можат да се одморат. Соседите никогаш не се пожалиле. Никој никогаш не повикал полиција. Но зарем полицијата не дошла самата, откако половина Македонија знае дека куќата на „ангелот од Велес“ е засолниште на илегални мигранти?, се прашува германскиот новинар од весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Grenze zwischen Serbien und Mazedonien Flüchtlinge
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Savic

Координирано затворање на границите

Порталот „Дојче виртшафтснахрихтен“ пишува: „Србија ноќтта меѓу саботата и неделата почна да ги затвора своите граници кон Македонија. Притоа истото во неделата почна да го прави и Македонија. Грчките власти се информирани дека повеќе нема да се пуштаат Авганистанци во Македонија. Сиријците и Ирачаните и понатаму смеат да ја преминуваат македонската граница. Затворањето на српската граница е најверојатно дел од договорот, кој Србија го направила со ЕУ: двете страни развија план, кој предвидува затворање на сите надворешни граници на ЕУ за мигрантите. Според тој план, Македонија и Србија имаат намера да воведат поединечна проверка.

Србија би требало, гласи желбата на ЕУ, да ги затвори границите до 1. март. Тоа го објави „Данас“ од Белград, сериозен весник и критички настроен кон владата. Информациите протекоа од владините кругови, бидејќи во партијата на премиерот Александар Вучиќ постои поделба. Затворањето на границите би можело во реалност да се влече до крајот на март- од една страна поради изборите во Србија, а од друга страна поради тоа што ЕУ сака да избегне самитот со Турција, планиран на 6. март, од самиот почеток да биде фарса. Вучиќ преговараше со месеци со ЕУ за договорот за затворање на границите. Србија, без разлика на економските проблеми, доби ветување од Ангела Меркел дека наскоро ќе биде примена во ЕУ. Вучиќ меѓутоа уште го исклучува зачленувањето во НАТО бидејќи на пролет мора да излезе на избори, а и затоа што во Србија сѐ уште нема потребно мнозинство за ваквата одлука. Нејасно е само како на затворањето на границата со Србија и Македонија ќе реагира Грција“, заклучува порталот „Дојче виртшафтснахрхтен“.

Deutschland Geplantes Flüchtlingsheim in Flammen in Bautzen
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Löb

Два инцидента во германската сојузна покраина Саксонија предизвикаа бурни реакции во германската јавност- печатот говори за „нов степен на насилство“ и нетрпеливост кон странците. Во градот Клаузниц десничарски екстремисти се обидоа да го спречат сместувањето на 20 бегалци во тамошното сместувалиште додека пак во Бауцен триесетина минувачи со голема радост и одобрување набљудуваа како гори зградата предвидена за сместување на бегалците. Во пожарот немаше повредени.

Саксонскиот весник „Зексише цајтунг“ од Дрезден за инцидентите напиша: „Шокатните призори од Клаузниц, одвратни набљудувачи кои се радуваат на огнот во центарот за сместување во Бауцен, се вклопуваат во синџирот грозни инциденти поради кои Саксонија веќе со месеци е на првото место во лигата на ексцеси со омраза кон странците. Таму нема потребно политичко лидерство, нема јасен став кој треба да им се пренесе на луѓето. Па и на оние на кои нема да им се допаѓа. Во овие денови на омраза потребно ни е повеќе од покраински премиер кој дури по два дена за сето тоа проговори неколку беспомошни зборови“.