1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амнестија за „Хашките случаи“

20 јули 2011

Со гласовите на владејачкото мнозинство синоќа (19.07.2011) во македонскиот парламент беше изгласана амнестија за преостанатите четири случаи на воени злодела од припадниците на поранешна ОНА.

https://p.dw.com/p/11zyO
Македонскиот парламентФотографија: Petr Stojanovski

Со прифаќањето на Предлогот за автентично толкување на членот 1 од Законот за амнестија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ решија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите „Хашки случаи“, меѓу кои спаѓаат оној за командната одговорност на ОНА, затворањето на Липковската брана, киднапирањето цивили од кичевско-тетовскиот регион и малтретирањето на мавровските работници. По затворањето на хашките досијеа единствениот осуден за воени злодела за конфликтот од 2001 година е Јохан Тарчуловски, чиј случај го процесуираше Хашкиот трибунал. Тарчуловски вчера му се обрати со писмо на премиерот Никола Груевски, во кое го повикува да ги „стави во историјата“ хашките случаи и да ги „заврши сите трауми од минатата деценија“.

Автор: ГЧ/ЖА/макфакс

Редактор: Трајче Тосев