Американски конгресмени бараат Грција да се откаже во спорот околу името
5 октомври 2007Настапот на Заудер во американскиот конгрес е реакција на резолуцијата што пред Конгресот и сенатот на почетокот на август годинава ја поднесоа неколкумина конгресмени и сенатори и во која се бараше почитување на привремената спогодба за името, а Македонија беше постојано именувана со кратенката ФИРОМ. Заудер на своите колеги им порача дека Македонија е една од земјите кои произведуваат стабилност во регионот и дека е докажан пријател и сојузник на САД. Конгресменот од Демократската партија, Бил Паскрел во својот настап пред американскиот конгрес, вчера изрази загриженост што во текстот на резолуцијата од август, Република Македонија се именува со кратенката ФИРОМ, потсетувајќи ги колегите дека земјата досега е призната од 118 држави во светот под нејзиното уставно име.