1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американските компании доминираат како никогаш досега

Вера Фрајтаг/сн4 јануари 2016

Кои се големите играчи меѓу компаниите во светот? Одговорот на ова прашање дава една нова ранг-листа. Во неа се наоѓаат стоте највредни компании во светот - мерено според нивната берзанска вредност.

https://p.dw.com/p/1HXc9
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel

Резултатот гласи: концерните од САД се на самиот врв и доминираат со светската економија како никогаш досега. Не само што ги заземаат сите места меѓу првите десет на ранг-листата туку и поединечни компании по својата вредност надминуваат економската моќ на цели држави. Европските фирми речиси и да не можат да држат чекор со нив а германските компании на светската ранг-листа на највредни претпријатија добиваат само нешто како утешна неграда.

Aмериканските компании, пред се’ оние од информатичката технологија, се на врвот на светската бизнис ранг-листа. Сите корпорации меѓу првите десет највредни компании во светот доаѓаат од САД.

Погледнете го видео-прилогот на оваа тема:

Највредните играчи меѓу глобалните компании се...

Трите највредните фирми се: Производителот на Ајфон -Епл е на прво место, следуваат матичната компанија на Гугл- Алфабет и софтверскиот гигант Мајкрософт. Заедно ова трио вреди 1,5 билиони долари.

Тоа ги прави повредни од 30-те најголеми германски компании вброени во основниот берзански индекс Дакс. Тие вредат нешто повеќе од еден билион долари.

Со Епл, Алфабет и Мајкрософт, САД цврсто го држат врвот во ИТ секторот. Но, американските корпорации се исто така лидери и во други индустрии, како што се финансиската и фармацевтската индустрија. Во Европа врвните играчи доаѓаат од традиционалните индустрии. На пример, швајцарскиот производител на прехранбени производи Нестле и холандскиот нафтен гигант Шел се рангирани меѓу првите 50.

Германските компании успеаја да се најдат само во последната третина на светската ранг-листа. Во 2015 година највредна германска корпорацијата е хемискиот и фармацевтски гигант Баер. Компанијата се најде на 66-то место со пазарна вредност од околу 96 милијарди евра. Некои други големи германски имиња воопшто не се ни најдоа на таа листа. Највпечатливо е тоа што германскиот производител на автомобили Фолксваген веќе не се вбројува меѓу највредните 100 компании во светот. Поради скандалот со лажираните емисии на штетни гасови, вредноста на акциите на Фолксваген падна и компанијата испадна од ранг- листата.