1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија- прва пречка во квалификациите за СП

БГ5 септември 2016

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скадар го игра првиот меч од квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија. Прв противник е соседна Албанија.

https://p.dw.com/p/1Jw1S
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Македонија има позитивен скор во меѓусебните пресметки со репрезентацијата на Албанија во кои доминираат претежно нерешени резултати. Единствената победа Албанија ја забележа во Тирана во 1999 година. Двете репрезентации влегуваат со различни амбиции во новиот квалификациски циклус. Албанија веќе се етаблираше на европската фудбалска сцена со учеството на првенството во Франција изминатото лето, додека Македонија се уште чека прво учество на едно големо фудбалско натпреварување.
Во македонската репрезентација се враќа искусниот Горан Пандев, додека Албанија го задржа составот од последното ЕП, а неколкумина играчи кои имаа шанса да преминат во репрезентацијата на Косово, одлучија, сепак, да останат верни.
Во групата Г, освен Албанија, противници на македонската фудбалска репрезентација се уште и селекциите на Италија, Шпанија, Израел и Лихтенштајн.