Акција за ослободување на заложниците - Јужнокорејци
22 јули 2007Реклама
Во тек е воена акција на авганистанските безбедносни сили и странските трупи за ослободување на киднапираните 23-ца Јужнокорејци. Трупите опколија едно село во провинцијата Гасни. Претставник на министерството за одбртана во Кабул рече дека е познато каде се наоѓаат заложниците.
Претставник на радикално-исламските Талибанци, во чии раце веќе неколку денови се заложниците, од кои 15 се жени, се закани со нивна смрт, ако до денеска навечер не бидат ослободени сите исламисти затворени во Кабул.