1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австријците пушат, гајле си немаат

26 август 2011

Пред нецели две години Австрија донесе закон против пушењето, но сопствениците на локали не го почитуваат. Законот не го почитуваат ниту познатите. Пример за тоа е Арнолд Шварценегер.

https://p.dw.com/p/12J10
Законот е на сила, а по угостителските објекти во Австрија се пушиФотографија: AP

Кафетерија во Виена. Келнери во костуми, мебел од темно дрво, весници, пијанист, арома на кафе и... И, мирис на цигари! Локалот е во 22-от дистрикт, веднаш спроти Дунав. Просторот во него треба да е непушачки. Според законот усвоен пред повеќе од една година, кафетериите, рестораните и баровите поголеми од 50 квадратни метри мораат да бидат непушачки или да обезбедат дел со затворена врата за непушачи. Но, во барот, вратите се широко отворени меѓу пушачкиот и непушачкиот дел.

„Факт е дека во Виена околу 80 проценти од сите кафетерии и локали ги игнорираат правилата против пушење. Во руралните делови тоа се игнорира уште повеќе. А, каде што сме сега, во оваа улица, сите локали беа набљудувани и беше потврдено дека 100 проценти од нив не се придржуваат до законот против пушење“, вели Дитмар Ерлахер.

Дитмар има рак и ја води групата за поддршка наречена „Пациенти со рак за пациенти со рак“. И покрај неговата болест, тој изгледа здраво и активно. Тој бил и претепан неколкупати, затоа што го посочувал она што е очигледно. Законот изгледа поинаку, кога тоа ќе им „светне“ на некои Австријци.

Arnold Schwarzenegger bei der Eröffnung der CeBIT 2009 in Hannover
Шварценегер беше забележан како пуши на аеродромот во Салцбург, во делот за непушачиФотографија: AP

„На пример, во еден ресторан бев толку тешко физички нападнат, што не одев на работа 17 недели! А, во ноември, претходната година, во шопинг центар гостилничар ме следеше и ме нападна толку насилно, што бев однесен во клиника и не одев на работа една недела. Тоа само покажува какви методи се користат во Австрија и ја покажува ширината на насилството“, нагласува Ерлахер.

Министерот го поддржува законот, Шварценегер го крши

Тој и неговата мала армија поддржувачи ги пријавуваат локалите по неколкупати, откако законот беше воведен во 2009-та година. Но, ништо не се менува. Се‘ уште има слободен проток на чад од пушачкиот во непушачкиот дел. 

Австрискиот министер за здравство, Алојз Штегер изјави дека поддржува целосна забрана на пушењето на јавни места, но призна дека тутунското лоби е премногу силно за да го истера тоа. Како и да е, среќен е со неменувањето на работите.

„Законот многу јасно кажува дека во Австрија пушењето е исклучок, а за мене е значајно луѓето што не сакаат да пушат, да имаат непушачки простор. Тоа законот мора да го направи“, вели министерот Штегер.

Но, не и ако го делите просторот на аеродромот во Салцбург со познатиот австриски извоз - Арнолд Шварценегер. Познат по неговите кубански цигари, но не и по неговите вештини со шпанскиот јазик, беше забележан како пуши во непушачки дел и беше пријавен од Дитмар Ерлахер. Властите се раздвижија да го најдат Арни, само откако приказната дојде на насловните страници во медиумите. Всушност, илјадници официјални поплаки се поднесуваат во полицијата, но само неколку стотици се процесуираат. Ерлахер се сомнева во корупција и покрена официјална жалба.

Dossierbild Rauchverbot Nichtraucherschutz 1
Сопствениците на локали физички се пресметуваат со оние што им забележуваат дека не го применуваат законотФотографија: AP

„Се надеваме дека сега ќе се активира војлата на антикорупцискиот обвинител и дека ќе почне да апси, за да не се одлеваат пари од стотици илјади или милиони во кој било џеб, за да се продаваат цигари во толкав број и сопствениците на локали да продолжат да ги трујат луѓето. Мора да се стави крај на тоа“, вели лидерот на групата за поддршка, наречена „Пациенти со рак за пациенти со рак“.

 Потребни се поостри контроли

Кафетеријата „Ландман“ е виенска институција. Нејзиниот сопственик, Бен Квефелд неодамна го прогласи целиот локал за непушачки, освен градината. Вели дека се обидел да ги балансира пушачките и непушачките делови, но се откажал.

„Тоа го сметам за најлошо решение. Исто така сметам дека е потребна поголема самодисциплина од австриската гастрономска гранка. Исто така, иако некои не сакаат да го слушнат тоа со задоволство, мора да има поостри контроли“, вели Квефелд.

Шварценегер е најпознат по неговата реченица „Ќе се вратам“. Ако се врати Арни можеби ќе го терминира проблемот, но прво треба да се откаже од пушењето.

 

Автор: Кери Скајринг/ Александар Методијев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска