Австралија: „Државен актер“ зад хакерските напади
18 февруари 2019Премиерот на Австралија, Скот Морисон (насловна фотографија), изјави пред пратениците во парламентот оти безбедносните служби водат истрага за овој хакерски напад и додаде дека, исто така, се погодени и неколку партии, меѓу кои Лабуристичката партија и либералите.
„Нашите стручњаци сметаат оти некој државен софистициран агент е одговорен за овој напад“, изјави Морисон не наведувајќи ниту една странска земја или некое конкретно име.
Повеќе:
-Шест хакерски напади кои го шокираа светот
Премиерот додаде дека стручњаци работат на дополнителна безбедност на системот. Австралиските власти на 8 февруари наведоа дека се случил хакерски напад на информативниот систем на парламентот.
Тогаш премиерот и многу членови од владата мораа да ги променат шифрите за да влезат во системот. Локалните медиуми пренесоа оти е можна вмешаност на Кина, но оваа вест не е официјално потврдена. Стручњаците за информатика сметаат дека е потребно повеќе време да се утврди кој е одговорен. Хакерскиот напад се случи пред парламентарните избори во мај во Австралија.