1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авганистан не смее да биде заборавен

21 август 2006

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер ја потврди долгорочноста на германскиот ангажман во Авганистан. Со оглед на најновиот конфликт на Блискиот исток, земјата не смее да биде заборавена, изјави Штајнмајер во Кабул на почеткот на посетата на Авганистан. Тој денеска ќе има средби со претседателот Хамид Карзаи и со неговиот колега по функција Рангин Дафар-Спанта:

https://p.dw.com/p/AdUc
Бундесверот во Авганистан
Бундесверот во АвганистанФотографија: AP

Најважен дел од денешната програма на Штајнмајер во кабул е неговата средба со претседателот Карзаи. Освен тоа тој ќе се сретне и со шефот на авганистанската дипломатија Дафар Спанта кој живееше во Германија 22 години и како политичар на зелените доби мандат во градскиот совет на Ахен, иако не го искористи. По првите слободни парламентарни избори во минатата година Спаната стана надворешно-политички советник на претседателот Карзаи, а од април е министер за надворешни работи. По Јошка Фишер, Спанта на извесен начин е вториот министер за надворешни работи што доаѓа од редовите на зелените. Неговите деца студираат во Германија. Културен зенит е посетата на царската градина во Кабул, создадена во 16 век од големиот могул Барбур.Штајнмајер ќе учествува и во една дебата на државната телевизија РТА која досега добиваше вести од светот преку Дојче веле кое исто така образуваше авганистански новинари. Шефицата на академијата на Дојче веле Герда Мауер:

„Почнавме во 2002 година да тренираме новинари и техничари во Авганистан. Тежиштето тогаш беше ставено врз почетните знаења за ниовинарството, техниката, за прашањата на менаџирањето. Во прв ред тогаш работевме во Кабул во Радио телевизија Авганистан. Најнапред се концентриравме кон државната телевизија, но потоа заминавме и во провинциите. Во Кундус, Херат, Џалалабад и во Масар и Шариф„.

Во Масар и Шариф утре ќе патува и германскиот министер за надворешни работи Штајнмајер каде што ќе ја посети командата на германскиот Бундесвер.