1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иселенички егзодус

12 декември 2017

Кога дома нема доволно работа и перспективи, се заминува во потрага по подобар живот, трајно или привремено. Балкан, посебно Македонија, доживуваат вистински иселенички егзодус. Зошто пак Роми често бараат азил во ЕУ?

https://p.dw.com/p/2pC4K
Symbolbild Koffer Auswanderung Einwanderung Reise Immigration Migrant
Фотографија: Fotolia/clabert

Лекарски егзодус од Македонија

Во последниве години Македонија ја напуштиле над 600 лекари, главно во Германија, но и други ЕУ земји. Одливот на медицински стручен кадар станува сѐ подраматичен а на заминување размислуваат и оние кои допрва го печат занаетот. 

Лекарски егзодус од Македонија

Бугарски пасош за работа во ЕУ

Колку Македонци имаат бугарски пасош, засега нема точен податок. Проценките се движат од 50.000 до над 100.000 граѓани. Бугарскиот пасош важи за „полесен“ пат до европска работна виза. Сѐ повеќе млади, но и постари бараат излез со овој документ. Какви се нивните искуства? 

Со бугарски пасош до посветла иднина!?

Билет во еден правец

Блатец, место во источна Македонија, во близина на Виница, е синоним за иселувањето, посебно на младите. Типична е приказната на Цветко, кој ги школувал двете ќерки, но не успеал да ги задржи во Македонија. Со годините, веќе и тој не чувствува ништо посебно што го врзува за родниот крај.  

Блатец полека се празни

Остануваат само старите...

Во тетовското село Нераште работат само чајџилниците. Младите, без работа и без перспектива, бараат начин што побрзо да заминат во странство, старите остануваат како неми набљудувачи на егзодусот. 

Празни куќи, пусти улици...

Роми во потрага по азил

Сонот за „ветениот Запад“  ја испразни единствената ромска општина во Европа. Азилот за Ромите значеше надеж, но за многумина донесе разочарување, како за Исак, локален боксер. „Бев азилант два месеца во Германија, ги потрошив и сите пари што ги собирав за да заминам. Затоа веќе не сакам ниту да слушнам за таму,“ вели тој. 
И дома може да е убаво

Од Шуто Оризари до Германија и назад

По завршеното средно училиште и без големи шанси за наоѓање работа во родниот Томиславград во БиХ, Марко Багариќ решил да замине во Германија, да најде работа и таму да живее. Со текот на времето, сфатил дека таа земја можеби не е за него. 

Не сакаат сите да работат во Германија

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема