1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најскапи градови во светот - Скопје на дното

БГ
27 февруари 2018

Македонскиот главен град е на дното на листата на 209 светски градови според трошоците на живот за доселеници. На врвот е Луанда, Ангола која на првото место го замени Хонг Конг. На дното се повеќе балкански градови.

https://p.dw.com/p/2fAnh
Mazedonien Bauarbeiten Riesenrad in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Заедно со Тунис и главниот град на Киргистан - Бишкек, Скопје е на дното на листата според трошоците за живот. Од консултантската куќа Мерсер, која традиционално ја изработува оваа листа, за ДВ објаснуваат дека падот од 7 места на Скопје во однос на минатата година се должи на дефлацијата на цените на потрошувачката и падот на вредноста на денарот во однос на доларот за 4 проценти во последниот период. Има мал раст на цената на домувањето, но недоволно за „повисок“ пласман. Слично се рангирани и останатите балкански градови.

Луанда повторно го замени Хонг Конг на првото место на листата најскапи градови во светот за доселеници на агенцијата Мерсер. Податоците покажуваат дека странец за изнајмување на апартман со две спални соби во африканската метропола треба да плати околу 6,000 долари месечно. Ни за храна нема да минете поевтино: еден хамбургер ќе ве чини околу 15 долари. 
Целата листа погледнете ја во нашата фото-галерија: