ВМРО-ДПМНЕ демантира: Не бараме амнестија
2 мај 2017ВМРО-ДПМНЕ ги демантира наводите на Заев во интервјуто за Дојче Веле. Во разговорот за нашата куќа, Заев рече дека тоа што го прави Груевски „го прави за да се пазари за амнестија. Амнестија нема да има“.
Од поранешната владејачка партија тврдат дека „ВМРО-ДПМНЕ не барало амнестија“.
„Зоран Заев не може да сфати дека некој искрено ја сака Македонија и дека некој искрено и чесно се бори за одбрана на државните и национални интереси. Кај него сè е предмет на пазарење и преговарање. Затоа Заев лаже и клевети. ВМРО-ДПМНЕ ниту барало амнестија, ниту има причина да бара амнестија. ВМРО-ДПМНЕ секогаш било на страна на народот и државата. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и криминалецот Заев", пишува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Целото интервју со Зоран Заев можете да го прочитате тука.