1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад во срцето на Лондон

ЕМФ /агенции
22 март 2017

Четворица загинати, меѓу кои и еден полицаец, и најмалку 20 повредени е досегашниот билас од нападот кој попладнево се случи во срцето на Лондон.

https://p.dw.com/p/2Zm3D
London Großbritannien Anschlag
Фотографија: Reuters/H.McKay

Полицијата смета дека извршител на нападот во близина на британскиот парламент е едно лице. Напаѓачот е убиен, соопшти портпарол на Скотланд Јард.

Околу 14:40 часот напаѓачот на познатиот мост Весминстер, каде се наоѓа и заштитниот знак на Лондон - часовникот Биг Бен, со своето возило влетал во група минувачи. Потоа со нож в рака тргнал кон барикадите пред парламентот и нападнал полицаец. Пред да стигне да се нафрли и на вториот полицаец, убиен е од страна на полицијата.

Според она што досега е познато, во нападот загина и еден полицаец. Жена која скокнала или паднала од мостот во текот на нападот е спасена од реката Темза. Таа е во шок.

Großbritannien London
Нападот се случи дваесетина минути пред 15 часотФотографија: Reuters/E. Keogh

„Само што сакавме да направиме фотографии од Биг Бен, кога сите одеднаш почнаа да трчаат“, раскажува сведокот Џејн Вилкинсон за британските медиуми. „Потоа видовме еден човек со нож долг околу 20 сантиметри, по што слушнавме и три истрели. Ја поминавме улицата и го здогледавме човекот како лежи облеан во крв.“

Освен непрецизните изјави на сведоци, други информации за напаѓачот засега речиси и не се познати. Во првите изјави полицијата оцени дека станува збор за „терористички“ напад.

Пред нападот, британската премиерка Тереза Меј одговараше на пратенички прашања во парламентот. Даунинг стрит соопшти дека премиерката е на безбедно. Меј за вечерва свика вонредна седница на владата.

Großbritannien London
Мобилизирани се дополнителен број полицајциФотографија: Reuters/H. McKay

Пратениците во парламентот по инструкција на полицијатап рво не смееја да ја напуштат парламентарната зграда, а подоцна се префрлени на безбедно во канцелариите на Скотланд Јард.

Во Велика Британија е прогласен втор највисок степен на предупредување од тероризам. Во меѓувреме во Лондон се дополнително мобилизирани 600 полицајци. Во моментов за безбедноста во британскиот главен град се грижат околу 2800 припадници на полицијата.