1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Музички концерт во Палмира

Ева Симон/Николас Коноли/Ж.А.6 мај 2016

Рускиот претседател Владимир Путин сака со симфониски концерт во сирискиот град Палмира да го поправи нарушениот имиџ на Русија во врска со сириската војна.

https://p.dw.com/p/1Ij4y
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Voskresenskiy

Гледајте, сугерираат овие слики, културата повторно се врати во Палмира, која е дел од Светското културно наследство на УНЕСКО.

До пред неколку недели овде уште владееше варварство. Терористичката милиција Исламска држава го користеше Амфитеатарот во Палмира како кулиса за својата пропаганда: фотографиите на грозомирни егзекуции го обиколуваа светот.

На крајот на март сириските трупи ја презедоа Палмира од рацете на ИД, со масивна воена помош од Русите. Оттогаш руските специјални единици помагаат во деминирањето во градот.

Симфонскиот концерт е знак на благодарност за сите кои се бореа против тероризмот, ризикувајќи го својот живот, рече рускиот претседател Владимир Путин.

И овој настап во Палмира може да се посматра како пропаганда, овојпат од руска страна. Зашто, долета Оркестарот на Санкт Петербуршкиот театар Марински. А концертот го диригираше човек од доверба на Путин: Валери Гергијев, главен диригент на Минхенската филхармонија.

Погледнете го видеото:

Успешен пропаганден потег