1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Православните христијани го слават Велигден

БГ1 мај 2016

Православните христијани во повеќе земји го слават христовото воскресение Велигден. Прославата започна во саботата попладнето во Ерусалим, а продолжи во бројни други земји.

https://p.dw.com/p/1IfzR
Фотографија: picture-alliance/dpa/EPA/S. Chirikov

Во Македонија, најмасовно беше кај Соборниот храм во Скопје, каде литургијата ја предводеше поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан.

Во велигденската порака до верниците поглаварот г.г. Стефан испрати апел за мир, единство и сплотеност меѓу македонскиот народ и меѓу сите верници.

„Повикуваме на единство меѓу нашиот народ, трудејќи се да го запазиме единството на Духот преку врските на мирот. Здобивајќи се со тој дар, ќе можеме мудро и незлобно да одговориме на сите предизвици што катадневно се испречуваат пред нас. Да го чуваме сопственото и да го почитуваме достоинството на другите, да се грижиме за доброто на секого и на сите околу нас“, порача Стефан.

Das Oberhaupt der mazedonischen orthodoxen Kirche G.G. Stefan
Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. СтефанФотографија: MIA

Илјадници христијани го прославија воскресението Христово во Црквата на светиот гроб во Ерусалим. Светиот оган се смета за чудо кое се случува секоја година на Велика Сабота. Православниот патријарх на Ерусалим, Теофилос III ги пали првите свеќи со светиот оган, а потоа им ги распределува на верниците во црквата. Оганот потоа се пренесува и на верниците кои чекаат надвор од црквата.

Russland Russisch-orthodoxe Ostern Feier in Moskau
Фотографија: picture-alliance/dpa/EPA/S. Chirikov

Неколку илјади луѓе присуствуваа на Велигденската миса во Црквата Христос Спасителот во Москва, која ја следеа и рускиот претседател и премиер, Владимир Путин и Дмитри Медведев. Мисата ја водеше рускиот патријарх Кирил.

Поглаварот на египетската Коптска црква, Папата Тавадрос II ја предвоеше мисата во Каиро. Таа се одржа во Катедралата Св. Марко, најважното светилиште за коптските христијани. По мисата верниците се молеа за мир и безбедност во Египет и во регионот.

griechisch-orthodox Osternfest
Фотографија: picture alliance/NurPhoto/W. Aswestopoulos

Светиот оган од Ерусалим пристигна во Србија со авион. Во Белград го прими српскиот патријарх Иринеј кој го запали првиот сноп од 33 свеќи- кои ја симболизираат секоја година од животот на Христос, а потоа му ги предаде на претседателот Томислав Николиќ.