1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсениот во Стокхолм е веројатно атентаторот

ЖА
8 април 2017

Човекот уапсен во Стокхолм, според портпарол на полицијата, е веројатно возачот на камионот кој влета во толпа луѓе и уби 4 лица. Приведувањето на втор осомничен не е потврдено.

https://p.dw.com/p/2aujG
Terroranschlag in Stockholm
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Schreiber

Блокадите и полициските патроли низ Стокхолм сѐуште потсетуваат на вчерашниот атентат. Камионот кој влета во мноштво луѓе во центарот на градот, а потоа во стоковна куќа, веќе е отстранет. Возачот уби четири луѓе, а 15 се повредени.Шведската полиција и владата сметаат дека станува збор за терористичко дело.

Полицијата верува дека човекот, кој синоќа беше уапсен, е атентаторот, односно возачот на камионот. „Не исклучуваме дека ќе има натамошни апсења, но засега немаме никакви докази дека претстои натамошна општа опасност“, изјави портпарол на полицијата.

Schweden Stockholm LKW fährt in Menschenmenge
Атентаторот со камион влета во стоковна куќаФотографија: Reuters/D. Armada

Обвинителот претходно соопшти дека приведеното лице е под сомнение за „извршено убиство преку терористички чин“. Властите засега не го соопштуваат идентитетот на човекот кој беше снимен од камерите за надзор на местото на настанот и со чија помош беше вршена потрагата по него. Шведскиот весник „Афтонбладет“ пишува дека станува збор за 39-годишен Узбекистанец, симпатизер на терористичката милиција Исламска држава.

Медиумите јавуваат и за втор уапсен човек, но полицијата не ги потврди овие информации.Во Шведска и натаму владее состојба на готовност. На границите десет дена ќе бидат контролирани сите кои излегуваат од земјата, како што истакна премиерот Штефан Лофвен.

Сепак, Стокхолм нема да дозволи да биде заплашен и луѓето да престанат да го живеат слободно својот секојдневен живот, што е целта на терористите, истакна премиерот: „Терористите никогаш не можат да ја победат Шведска “, потенцира Лофвен.

Терористички напад во Стокхолм