1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Симит погача - скопски деликатес

Арбнора Мемети
28 март 2024

Симит погачата е еден од заштитните знакови на Скопје. За некои е „леб во леб“, за други - редок деликатес. Но, традицијата на правење симит погача е во опасност да исчезне, бидејќи многу млади мајстори се имаат преселено во Европа, а интересот за изучување на овој занает е спласнат.

https://p.dw.com/p/4eDfp

Леб со бурек или симит погача е традиционален појадок во Стара чаршија, во Скопје. Мајсторот за симит погача Серкан Ејуп, со насмевка вели:

„Луѓето се смеат затоа што им е интересно, леб во леб. Тие така го мислат тоа. А тоа всушност не е леб во леб, туку мрсен бурек во леб. Затоа и го балансира, значи, мрснотијата со лебот“.

Симит погача се служи со јогурт или чај. Долги редици за симит погача се прават од рано наутро.

„Јас сум четврта генерација во овој дуќан. Прадедо ми е тој што прво ја извадил симит погачата. И така, по традиција, ништо не менуваме во рецептот и не додаваме“, објаснува Ејуп Серкан.

Но, занаетот е загрозен, нема подмладок, се жали тој:

„Веќе 80 проценти, оваа работа се изгуби. Има многу кои заминаа во Европа и многу е тешко за нови генерации“.