1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Путин: Мир е можен само по „демилитаризација“ на Украина

ЕМФ | агенции
14 декември 2023

На годишната прес-конференција во Москва, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека мир ќе има „кога ќе ги постигнеме нашите цели“.

https://p.dw.com/p/4a8zW
Русија Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир Путин доаѓа на прес-конференцијата во МоскваФотографија: ALEXANDER ZEMLIANICHENKO/AFP/Getty Images

Рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш ги потцрта воените цели на Москва во конфликтот во Украина. „Мир ќе има кога ќе ги постигнеме нашите цели“, рече Путин денеска (14.12) на годишната прес-конференција во Москва. Русија со својата офанзива сака да продолжи да постигнува „денацификација и демилитаризација на Украина и нејзиниот неутрален статус“, изјави Путин. Според него, Украина не била подготвена да преговара за демилитаризација. Затоа Русија била „приморана да преземе други мерки, вклучително и воени мерки“.

Во врска со ситуацијата на фронтот, шефот на Кремљ рече дека руската армија ги подобрува своите позиции „речиси по целата должина на контакт-линијата“.

Според рускиот претседател, и покрај тоа што земјата е соочена со санкции од Западот, таа годинава бележи пораст на брутодомашниот производ за 3,5%. Руската економија докажа неочекувано висока отпорност, која на земјата ѝ овозможува да остане на курсот на пораст и покрај притисокот од Западот, објасни Путин. Статистичките податоци во Русија тешко може да се проверат поради методите на пресметување кои постојано се менуваат. Во пресметките на наводно зголемените плати, на пример, влегуваат и исплатите за војниците кои се борат во Украина, кои се неколкукратно повисоки од просечната плата во земјата.

Годишната прес-конференција на Владимир Путин, на која присуствуваат стотици руски и странски новинари, обично трае со часови. Притоа, шефот на руската држава одговара на прашања во живо на широк спектар на теми. Минатата година Путин се откажа од својата традиционална прес-конференција на крајот на годината.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема