1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Сега сите гледаат кон малата Македонија“

Е.М. Фиданоска /велт/зц19 јануари 2016

Под овој наслов весникот „Ди Велт“ денеска пишува за можноста Македонија да игра поактивна улога при заштитата на границите во бегалската криза.

https://p.dw.com/p/1Hfly
Фотографија: Fotolia/Bastos

Грција ги проследува бегалците што е можно побргу до Македонија, пишува „Ди Велт“, наведувајќи дека словенечкиот премиер Миро Церар затоа го отворил прашањето за поактивна улога на Македонија при контролата на бегалците.

„Но дали Македонија, посвојче на Европа среде Западниот Балкан, воопшто може да ја оправда ваквата централна улога? Неодамна на македонско-грчката граница дојде до значителни тензии поради тоа што владата во Скопје почна со примена на новото правило, според кое се пропуштаат само Сиријци, Авганистанци и Ирачани. Сите останати бегалци Македонија ги означува како економски мигранти. За да може подобро да ја контролира границата, македонската војска на крајот на 2015-та почнаа со изградба на три метри висока метална ограда. Оттогаш, на границата редовно доаѓа до судири меѓу полицијата и бегалците... Притоа, односот кон бегалците во моментов воопшто не е најголемиот предизвик за Скопје. Земјата со околу два милиона жители, меѓу кои голем дел муслимански Албанци, се наоѓа во тешка внатрешнополитичка криза... Во Берлин состојбата се следи со загриженост: 'Во поранешната југословенска Република Македонија треба прво брзо и одржливо да се реши внатрешнополитичката криза. Притоа, во преден план се реформите кои би обезбедиле спроведување на договорените нови избори според европски стандарди', побара Михаел Рот, државен министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи. Рот укажува на тоа дека ЕУ и Германија веќе ѝ пружаат поддршка на Македонија во справувањето со бегалската криза. Така, сојузната влада во 2015 година за двете транзитни држави - Македонија и Србија, на располагање стави вкупно 2,1 милиони евра хуманитарна помош, како и дополнителни 1,3 милиони евра поддршка за структурни мерки. Продолжението на блокадата во Скопје би можело меѓутоа да ја отежни потесната соработка на ЕУ со Македонија во заштитата на границата. 'Сепак, многу е веројатно дека шефот на преодната влада ќе им даде ветувања на Европејците', уверен е Душан Рељиќ, експерт за Балканот од фондацијата Наука и политика. 'Само што Македонија, со оглед на внатрешнополитичката криза нема да може да ги одржи таквите ветувања'“, поиува денеска, меѓу другото, весникот „Ди Велт“.

Flüchtlinge Grenzbarrieren Grenze zwischen Mazedonien Griechenland
Фотографија: Reuters/A. Avramidis

„Зиддојче цајтунг“ во врска со бегалската криза ја пренесува оценката на еврокомесарот за бегалци Димитрис Аврамопулос, кој предупредува од распад на Шенген.

„'Исклучување на земји како Грција од Шенгенскиотпростор нема да го реши проблемот', изјави Аврамопулос за 'Зиддојче цајтунг'. 'Тоа воопшто нема да помогне, а бегалците ќе доаѓаат и натаму', додава тој. Оној што сака да исклучи одделни земји, ризикува заострување на европската криза. 'Исклучувањето би означило почеток на крајот на Шенген. Би имале ефект на снежна топка, тоа би бил почеток на крајот на Европа'“, вели еврокомесарот за бегалци Аврамопулос за „Зиддојче цајтунг“.