1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Патот кон интелигентен автомобил

Ј. Јелинек/бг15 септември 2015

Трендовите во автомобилската технологија водат кон поврзување на возилата со интернет и со вашиот смартфон. Многу автомобили веќе се во целосна симбиоза со интернетот. Но, експертите предупредуваат и на опасностите

https://p.dw.com/p/1GWhw
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Probst

Се вршат последните подготовки пред почетокот на меѓународниот автомобилски саем. Новите каросерии нема да бидат единствени атракции. За првпат, на саемот се застапени и телекомуникациските и интернет гиганти, како Гугл. Од нив засега не може да се види многу, но тие ќе ги претстават идеите за тоа како автомобилите во иднина ќе бидат поврзани со интернетот.

Погледнете го целото видео тука:

Патот кон интелигентен автомобил

„Интелигентниот, вмрежен автомобил комуницира со околината и со другите учесници во сообраќајот. Може самиот да паркира, предупредува од пречки и спречува несреќи. Возењето автомобил во следните години ќе биде уште побезбедно и поудобно“, вели Матијас Висман, претседател на компанијата ВДА.

Германските производители се фасцинирани од автомобилот кој самиот управува. Но мрежната технологија се уште има и недостатоци, како што покажуваат овие интернет-експерти. Пред еден месец тие хакираа еден џип и ја презедоа контролата врз него. Возачот нема контрола врз радиото, а на дисплејот се појавува фотографија од хакерите.

„Сега ќе го исклучиме и моторот“.

Во уличниот сообраќај тоа би можело да има фатални последици. Хакерите велат дека програмерите и авто-инжинерите премногу се концентрирале на новитетите, а заборавиле на безбедноста. Автоиндустријата треба уште многу да стори за да ги убеди посетителите на саемот и јавноста за оправданоста на новата технологија.