1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Никола Попоски за ДВ: Му ја честитамe победата на Трамп!

9 ноември 2016

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во изјава за Дојче веле, ги сподели импресиите од резултатите на вчерашните избори во САД. 

https://p.dw.com/p/2SOuM
Nikola Poposki bei Conflict Zone
Фотографија: DW/D. Mac Coitir

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во изјава за Дојче веле, ги сподели импресиите од резултатите на вчерашните избори во САД. 

„Граѓаните на САД го остварија своето гласачко право и ја избраа најдобрата опција за нив на фер и демократски начин. Ние тоа го поздравуваме. Му ја честитаме победата на следниот американски претседател Доналд Трамп! За Република Македонија тоа значи продолжување на досегашната соработка со нашиот стратегиски партнер и можност за отпочнување нови проекти во областите од заеднички интерес“, изјави Попоски.