1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кратер во Фукуока проголта дел од булевар

СН/ агенции
8 ноември 2016

Уривање на земјиштето направи огромна дупка која проголта дел од главната сообраќајница во центарот на големиот град Фукуока, во југозападна Јапонија.

https://p.dw.com/p/2SKJH
Japan Senkloch in Fukuoka
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Press

Кратерот е со димензии 20 на 15 метри и се гледаат темелите на околните згради. Постои страв од понатамошни рушења.

Видео снимки  направени од очевидци по 5 часот наутро прикажуваат два рова кои се шират и голтаат асфалт на сообраќајницата со 5 ленти пред големата железничка станица Хаката, во центарот на градот.

„Беше уште темница и мојата прва реакција беше кога сам себе си се прашав дали се урива улицата?“, раскажуваше за државната телевизија НХК едно момче.

„Кога го видов ова, веќе имаше две дупки кои продолжија да се шират. Ме фати страв кога семафорот кој беше во моја близина падна. Си реков дека мора да си одам од овде“, додава тој.

Огромна дупка на сообраќајница во Јапонија

Кратерот продолжи да се шири и во текот на утрото достигна длабочина од два ката и се наполни со вода која доаѓаше од пукнатите цевки. Транспортната служба на Фукуока соопшти дека проширувањето на метро линијата кое е во тек, би можело да биде причина за создавањето на кратерот.

Полицијата, која воспостави безбедносен периметар и евакуираше луѓе од околните згради, соопшти дека не е пријавен ниту еден смртен случај.

Фукуока е најголем град на југот на островот Кјушу. Станицата Хаката е голем железничко јазол за супербрзите возови Шинкансен кои ја поврзуваат целата земја.